Увид во градежните работи за санација на регионалниот пат во Петровец

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Петровец  Борче Митевски денес  извршија увид во градежните активности за санација на најоштетените делови на регионалниот пат Р 1102 во општина Петровец.

pat-petrovec-2

Како што информираат од ЈП за државни патишта, на оваа делница која што поминува низ населеното место Петровец, во тек е санација на најоштетениот дел од коловозот во должина од 1.500 метри.

Со санацијата на овој дел од  регионалниот пат,  кој  е значително оптоварен со голем број возила ќе се  подобри безбедноста во сообраќајот.