ВИДЕО: Луѓе инволвирани во кампањата на СДСМ им припаѓаат на криминалните структури

Во вчерашната емисија „Во центар“ новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов и Митко Чавков разговараат на тема изборите на 11 декември и помагањето на одредени криминални структури во изборната кампања на СДСМ.
Со ниту еден контингент македонски гласови не може да се намали разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, особена онаа која беше постигната на изборите во 2014 480.000 наспрема 280.000 гласови, па остануваат на располагање ромски, делумно турски и во најголем дел албански гласови, анализира Ефтов. Тој смета дека радикалните структури тука и го прават превратот, во Студеничани, Чаир, упориштата на ДУИ. Одредени команданти кои се уценети и одредени криминални милјеа на кои им било ветено дека ќе им бидат укината кривични пријави се структурите кои ја деструктуираа ДУИ.

Запрашан дали има докази дека косовски криминални стурктури и косовски пари учествувале во избори и вршеле влијание врз македонски криминалци Чавков потврдува и вели дека систематска истрага ќе даде одговори на многу прашања поврзани со изборни нерегуларности и со корупција при изборниот процес:

– Имаме информации дека луѓе кои што беа инволвирани во организацијата на протестите, луѓе кои беа инволвирани и во кампањата на СДСМ,  апсолутно припаѓаа на овие криминални структури и потекнуваат од тоа криминално милје. Според информациите влезени се и црни пари, меѓутоа со една темелна и систематска истрага, јас се надевам и сум оптимист дека ќе се дадат одговори на многу прашања поврзани со изборни нерегуларности и со корупција при изборниот процес.

Ефтов се сомнева дека криминалните структури од Арачиново или од Грчец гласале за правна држава во Република Македонија и затоа не гласале за ДПА и ДУИ, туку гласале за СДСМ. Или дека оние структури кои живеаат во Танушевци, Малино Маало или Брест гласале за СДСМ бидејќи се залагале за евроинтеграции во рамки на Република Македонија.

Тоа е обландатата која сега сака да ни се продаде  како одредена шарена лага. Не! Апсолутно тука станува збор за еден многу сериозен проект, проект со многу пари и зад кој стојат одредени неформални невладини или други политички структури кои делуваат надвор од матичните држави и кои сакале да постигнат не одредени идеолошки премиси туку класични финансиски и безбедносни резултати на одреден простор на Балканот или во Југоисточна Европа, дополнува Ефтов во врска со вмешаноста на криминални структури во кампањата на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.