Владата го подготви законот за амнестија

Со новиот предлог- закон за амнестија владата планира ослободување на сите правосилно осудени лица на шест месеци затвор и намалување на затворската казна до 30 отсто за останатите осуденици. Од денеска на електронскиот регистар ЕНЕР, јавноста ќе може да врши увид во деталите на овој нов закон.

„Лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела кои на денот на влегување на сила на овој закон, започнале со издржување на казната, лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривичниот законик, доколку сторителот е државјанин на Македонија и казната ја издржува во Македонија врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд. И осудени лица на кои на денот влегување на сила законот не започнале со издржување на казната.“ – изјави Миле Бошњаковски- портпарол на Влада на Р.М.

Овој закон за амнестија нема да важи за осудениците кои се во бегство како и за посериозните кривични дела.

„Амнестијата не се однесува на лица осудени на доживотен затвор, убиство, против избори гласање, за кривични дела противполова слобода и морал, против државата, злосторничко здружување.“ – изјави Бошњаковски.

По дебатата во следните дваесет дена, законот влегува во собраниска процедура. Предвидено е да тече по редовна постапка и според проценките ќе биде донесен по локалните избори. Со донесувањето на законот домашните и меѓународните експерти кои учествувале во изготвувањето на текстот, предвиделе дека ќе се растоварат затворите кои се со нехумани услови и пренатрупани со затвореници.