Владата на СДСМ којашто ќе штедеше распишува нов тендер за привремени вработувања од 127.000 евра

Новата Влада предводена од социјалдемокрите иако и во предузборието и откако успеа да го состави кабинетот најавуваше дека ќе штеди оти претходната наводно била „расипничка“, сега распишува тендер за Агенција за привремени вработувања за период од 4 месеци во вредност од 127.000 евра.

vrabotuvanje-1-640x389

Генералниот секретаријат на Владата на Бирото за јавни набавки објави оглас за услуги за привремено вработување за период од 4 месеци. Проценетата вредност без ДДВ е седум милиони и осумстотини илјади денари, или околу 127 илјади евра. Постапката е отворена, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Пред повеќе од две седмиц, владиниот генерален секретар Драги Рашковски и новиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, пред новинарите се жалеа дека во Владата и другите институции имало превработеност и пребројност, а сега објавуваат огласи за вработувања.

Претходно во понеделникот Владата, исто така, објави јавен оглас за вработување на 13 извршители посебни советници во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кабинетот на генералниот секретар на Владата и Кабинетите на министерите без ресор на определено време во Генералниот секретаријат. Како што е наведено во огласот, платата ќе изнесува 36.873 денари.

Ваквите огласи доаѓаат откако владиниот генерален секретар Рашковски и министерот Манчевски на дебатата со граѓанскиот сектор на тема реформа на администрацијата, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација, тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност. „Во јавната администрација има превработеност, но и недостиг од стручен кадар“, рече тогаш Манчевски, со што всушност навести дека од работа ќе бидат бркани партиски неподобни лица, а на нивно место вработување на партиски кадри, што и се случува преку огласнот за нови вработувања.

Рашковски, пак, истовремено со Манчевски тврдеше дека една од првите задачи на новото работно место му било да најде начин како и каде да ги распредели новите 80 вработени во генералниот секретаријат. Тој додаде дека „пребројноста треба да не плаши во смисла на оптеретување на државниот Буџет“. Она што за Манчевски беше превработеност, а за Рашковски пребројност очигледно траеше многу кратко, па сега новата влада распишува оглас за нови вработувања, за да се вдомат партиски кадри на СДСМ.

Сакајќи да манипулираат со јавноста преку наводна превработеност со која требаше да се оцрни претходната влада и а се прикаже како неодговорна и расипничка, СДСМ со распишувањето на огласи за нови вработувања буквално сами се фатија во сопствената стапица, а нивните лаги излегоа веднаш на виделина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.