Владата на Заев без поддршка, на локалните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ

Институтот Димитрија Чуповски во периодот од 13 до 16 септември спроведе испитување на јавното мислење, телефонска анкета, на 1124 испитаници. Анкетата беше спроведена со цел да се измерат генералните перцепции во пресрет на престојните локални избори закажани за 15 октомври.

Резултатите од вториот дел на анкетата покажуваат дека граѓаните не ги поддржуваат политиките на Владата предводена од Зоран Заев. 55,8 проценти изјавиле дека не даваат поддршка, а само 25,5 отсто говориле потврдно.

Македонската Влада „Не води добри економски политики“, сметаат 59,4 отсто од испитаниците. Поддршка за овие политики даваат само 22,3 процента од граѓаните.

„Која партија е поспособна да ги решава потребите на граѓаните“? е следното прашање. Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе работи на решавање на нивните потреби. За оваа партија се изјасниле 29,3 отсто од граѓаните кои се дел од анкетата, а само 17,8 отсто за СДСМ.

 

 

Дури 44 отсто од испитаниците велат дека ВМРО-ДПМНЕ е поприсутна на терен, меѓу граѓаните.

Граѓаните истакнуваат дека на претстојните локални избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. За оваа партија се изјасниле 32,2 проценти, а за СДСМ 18 отсто.

 

Оваа анкета беше спроведена на ниво на цела Република Македонија и притоа беа земени сите демографски карактеристики. Резултатите од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.