ВМРО-ДМПНЕ сo најобемен сет проекти за младите досега, СДСМ со паушални мерки

Од бесплатен јавен превоз за редовни студенти , железнички викенд за млади до 27 години, бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици, преку стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада, нови читални во Велес, Струмица и во Аеродром и нова голема мултифункционална читална во Скопје, изградба на 150 игралишта за баскет, нови скејт паркови, фитнес зони за млади, па се до субвенции за купвање на куќа за млади. Владејачката партија подготви сет мерки кои ќе го подобрат живот на младите, кои ќе им отворат нови можности и перспективи, ќе им го унапредат квалитетот на живот и ќе креираат подобри услови за нивно вработување, за студирање, за спортување, патување и културен живот.

Според претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски ваков обемен сет на мерки за млади се презентита за првпат и од нив по 11 декември, бенефит ќе имаат сите млади во земјава.

„Олкав сет на мерки за малди немало до сега, највените 40 проекти се фокусирани конкретно за младите луѓе, но за млади се наменети и останатите проекти коишто веќе се реализраат како што се стипендиите или поеќенаменските игралишта. Ние како партија и во минатото правевме проекти од коишто младите има бенефит, но ваков специфичен сет на мерки за одредена група на млади луѓе досега немало, ова е за првпат да се најави ваков обемен сет на мерки за младите луѓе во земјава, посочува Нелоски во изјава за Нет Прес.

Младите, како што дополни тој, веќе можат да ги почувствуваат бенефитите на пет од досега најавените 40 мерки. Младите, појаснува Нелоски, веќе имаат можност да ги користат мерките „бесплатен јавен градски превоз за редовни студенти“, „обука за ИТ вештини и за странски јазици“, „бесплатен железнички сообраќај секој прв и трет викенд во месецотза млади до 27 години“ , мерката „средоношколска среда“ со која бесплатно можат да ги посетуваат државните театри, музеи и кина и бесплатно да користат железнички превоз и да се возат со жичарницата на Водно, како и фитнс зоните во Дојран, Велес и во Штип.

„Останатите 35 најавени мерки младите ќе можат да ги користат од 2017, а дел од 2018 година, а наскоро ќе започне имплементацијата на проектот за 100-те најдобри студенти, веќе е започната постапката за негова реализација. Младите со овие пет веќе започнати проекти се свесни дека тоа што сме го ветиле како партија го исполнуваме и после 11 декемрвири откако ќе ги добиеме изборите со сигурност во предвидените временски рамки ќе бидат спорведени и останатите 35 проекти“, вели за Нет Прес, претседателот на УМС.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки насочени кон младата популација, со конкретен план – како и кога ќе се рализраат, за разлика од СДСМ, кои како што рече, најавуваат популистички проекти, кои не знаат како и кога ќе ги реализираат.

„Дел од проектите насочени за младите кои што ги нуди опозициската СДСМ се популистички проекти, како што е укинување на екстерното тестирање, но и за тој нивни најавен проект и за сите останати коишто ги најавуваат за малдите, се без ниедна конкретна временска рамка кога би се имплементирале или буџетски импликации. Тоа се ветувања на брда и долини без конкретни информации, за ниеден проект најавен од СДММ или од СДСМ младите луѓе не знаат кога би започнал, колку би чинел и до кога би траел, туку се само описно ракажани. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ најави 40 проекти од почетокот на 2017 година, со точни временски рамки, оние кои според предвиденото требало да започнат да се реализраат веќе се започнати. Значи, за разлика од нивните проекти нашите имаат временска рамка, колку ќе чинат, кое министерство илиинституција ќе ги спорведе, односно станува збор за прецизни проекти со точни информации имладите знаат дека тоа што ќе го ветиме ќе го исполниме, што не било случај со СДСМ во минатото. СДСМ со било каква програма да излезе нема да да понуди повеќе проекти за младите лица, иако и тоа што ќе го ветат се само описно паушалнии проекти, смета Нелоски.

Според претседателот на владејачката партија, Никола Груевски, проектите ќе имаат двострана корист- и за младите и за градежниот сектор.

„Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години, истакна неодамна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од вкупно 40 промовирани мерки дури 17 се инфраструктурни.

„Нашите проценки кажуваат дека ќе влезат околу 40 милиони евра свежи пари во градежништвото со реализацијата на овие 17 проекти за млади, дали се тоа проектите за градење на гимнастичка сала, дали е проектот за градење на базен во СЦ „Борис Трајковски“, дали проектот за изградба на 150 баскет игралишта, за изградба на нов конгресен центар во Охрид или некои од многуте други проекти, 17 од нив се поврзани со градежни работи„ потецираше тој.

Кои се другите мерки за младите?

-Купи куќа за млади – проект на Владата со цел обезбедување поддршка за нова куќа на лица до 35 години, без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, преку можностa за избор на два модела за субвенционирање.

-Современи бини за настани и манифестации – Во овој проект е превидено градот Скопје по теркот на современите метрополи да изгради вкупно 6 функционални и подвижни бини со цел зголемување на културната и забавната понуда на младите.

-Намалена партиципација за студентите од самохрани и еднородителски семејства.

-Вработување на 100 најдобри студенти – автоматско, законско, директно вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии.

-Бесплатно патување за најдобрите студенти – најдобрите студенти ќе добијат бесплатно патување на атрактивна локација- Париз, Венеција и Барселона.

-Промена на студентски статус – на студентите со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали партиципацијата, учеството за 50% доколку го постигнат планираниот просек.

-„Инвестирај во својата иднина“ – со кој ќе овозможува стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под мошне поволни услови за студентите кои доаѓаат од семејства со помали приходи

-Перални и сушални во државните студентските домови – 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип ќе бидат опремени со перални и сушални.

-Бесплатни леќи и очни помагала за средношколци и студенти – субвенционирање на ортопедски очни помагала на студенти и средношколци на возраст од 14 до 26 години од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечното примање од 32.173 денари до завршување на циклус на учење и студирање.

-Ласерска корекција на диоптрија – се овозможува корекција на диоптријата за сите студенти на оваа возраст кои се од семејства со остварен нето приход до 115.080 денари на годишно ниво за над +/-2 диоптер, рече Груевски.

-Амфитеатар во Скупи – ќе биде обновен уникатниот отворен амфитеатар во локалитетот Скупи со 9.000 седишта.

-Нов конгресен центар во Охрид – Во Охрид ќе се гради нов Конгресен центар, замислен да биде еден од најрепрезентативните конгресни центри во Европа, одлично место за сите видови настани изведен по највисоки стандарди.

-Стимулација за упис на теничките факултети – во академска 2017-та и-2018-та ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно.

-Учителска школа во Скопје – реизградба на зградата на некогашната педагошка образовна установа, а која целосно беше уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. -Национална математичка гимназија

– Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број на места во секоја учебна година.По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците кои ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови.

– Нова спортска сала за потребите на универзитетот за информатички науки и технологии св. Апостол Павле во Охрид.

-Студентите со проектот „Еден клик“ ќе заборават на гужвите во студентски прашања. Тие ќе можат да поднесуваат пријави и потври електронски.

-Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се гради нова гимнастичка сала, опремена по највисоки светски стандарди, а во неа ќе можат да се организираат и играат европски и светски првенства.

-Ќе се организира саем за средношколски иновации. Сите млади иноватори од основните и средните училишта врз основа на јавен повик еднаш во текот на годината ќе имаат можност да добијат соодветна логистичка и финансиска подршка за промоција и релизација на својата иновативна идеја.

-Со мерката Млади амбасадори, средношколците кои ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади, ќе добијат годишни стипендии, кои ќе ги примаат 12 месеци. -Ќе се гради и затворена тениска арена во Скопје.

-Ќе се градат нови скејт паркови.

-Ќе се гради и отворен пливачки базен во Шуто Оризари.

-Најавено е комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

-Ќе се реконструира Офицерскиот дом во Битола.

-По цели 5 децении, младите ќе добијат ново матично за склучување на бракови.

– Реновирање на Националната универзитетската библиотека во Скопје „Свети Климент Охридски”.

-Ќе се гради нова голема мултифункционална читална во Скопје.

-За љубителите на спортот, ќе бидат изградени 150 игралишта за баскет.

-Во Струмица, Аеродром и Велес ќе бидат изградени нови и модерни читални кои од голема мера ќе им помогнат на средношколците и студентите.

– Во 18 градови ширум Македонија ќе се градат фитнес зони.

– Со „Студент-фест“ е планирано по примерот на европските студентски градови да се организира голем студентски фестивали во Штип, Битола, Охрид и Скопје каде што се сместени универзитетите.

-Помош за младите музичари со субвенции за купување на музички инструменти.

– Бесплатен здравствен преглед за спортски репрезентативци

-Нови читални ќе бидат отворени и во Прилеп, Струга и Гевгелија.

-Средношколците веќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП.