ВМРО-ДПМНЕ: Политиката што ја промовира пратеникот на СДСМ е газење на сите институции

Ова што го видовме е ни помалку, ни повеќе пратеник на Социјалдемократскиот сојуз. Ова што го видовме е скандал и газење на сите закони на Република Македонија. Доколку постоеше каква и да едилема околу начинот на којшто СДСМ сака да владее сега веќе нема, изјави на прес-конференцијата во саботата Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со видеоснимката на која пратеникот на владејачкото мнозинство Курто Дудуш зборува за важноста на партиската книшка.

Костовски оцени дека СДСМ ја гледа државата како приватна партиска сопственост во којашто нивната членска книшка ќе ја има тежината на втора лична карта.

„Политиката што ја промовира пратеникот на СДС е газење на сите институции. Срамно и недозволиво е во болниците да се даваат привилегии на тие што имаат членски книшки на СДС наместо на пациентите кои навистина имаат најголема потреба од медицинска грижа“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Костовски порача дека е, исто така, срамно и недозволиво тоа што Министрството за труд и социјална политика им дава предност на оние кои имаат членски книшки на СДСМ, наместо на граѓаните кои имаат најголема потреба од социјална помош.

„Срамно и недозволиво е некој да се толерира да прави сообраќајни прекршоци или да вози нерегистриран автомобил само заради тоа што има партиска книшка на СДС, а сите останати да мора да плаќаат казни“, додаде.

Според Косвоски, станува збор за најеклатантно дискриминирање на граѓаните по политичка линија, за оние со членски книшки на СДСМ и за кои не важат законите и сите други коишто ќе бидат санкционирани доколку не ги почитуваат законите.

„Ова е најеклатантен пример за лицемерието и антиреформските политики на СДС. Во предизборната кампања Заев ветуваше еднаквост меѓу граѓаните, а после изборите најбрутално ја партизира државата. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници да реагираат и да ги осудат ваквите политики кои се спроведуваат од пратеници на СДС. ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите професионалци во институциите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на пратениците и функционерите на СДС и да не се впуштаат во кривични дела да даваат привилегии ги оние кои имаат членски книшки на Бихаќка“, заклучи Костовски.