ВМРО-ДПМНЕ: Владата лажно се фали дека ги решила проблемите на Еврокомпозит и МЖ Транспорт

Владата на СДСМ покажува огромна неспособност и непосветеност во решавањето на проблемите, а таквиот нивен пристап отвора сериозни ризици по интересите на граѓаните. Последен пример се случаите со „Еврокомпозит“ и „МЖ Транспорт“ каде оваа неспособна влада се пофали дека наводно решила проблеми, но вистината и суштината е дека наместо решение владата едноставно ги префрли проблемите, се истакнува во петокот во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено тие (Владата) препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност, и никако не може да се нарече решавање на проблем“, се потенцира во ракцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ го поставуваат прашањето која е во овој случај улогата на Владата и со што конкретно таа наводно помогнала да се реши проблемот и судбината на компаниите загубари?

„Решен ли е проблемот на загубарите? Зошто Владата има потреба да се фали со потези кои не се ни получекор и кои се далеку од решение? Нечесно е вака да се потценува целиот народ, а особено вработените во компаниите“, поречуваат од ВРМО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека она што во моментов во оваа сфера го прават СДСМ и Владата предводена од оваа партија претставува само „гол популизам“ и „туракње на проблемите под тепих“.

„Наместо да ги засукаат ракавите и да се зафатат со работа тие препорачуваат други претпријатија да одлучуваат за судбината на загубарите, а притоа бесрамно се фалат дека наводно решиле нешто. Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Еврокомпозит и МЖ Транспорт“, се предупредува во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.