За одбрана на Македонија – глава во торба и напред

Секојдневно на улица граѓани ме прашуваат: До кога ќе продолжи ова лудило, овој вандализам? Мојот едноставен одговор е дека СЕТО ТОА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, САМО ШТО ЛУЃЕТО КОИ МОЖАТ ДА СТАВАТ РЕД НЕ СЕ НА ФУНКЦИЈА, А ТИЕ КОИ СЕ НА ФУНКЦИЈА НЕМААТ НИТУ ХРАБРОСТ, НИТУ КВАЛИТЕТ, НИТУ СТРАТЕГИЈА ДА ГО НАПРАВАТ.

Со што и каде успеват така наречените “обоени” или “шарени револуции”? Тие имаат цел да симнуваат влади кои не се во угода на САД и затоа ги прогласуваат за недемократски и диктаторски. Најлесно успеваат таму каде владите се демократски, затоа што тие почнуват да се бранат дека не се точни критиките. И за да покажат демократија попуштаат на сите претензии кон нив, а тие претензии се’ повеќе растат и како краен резултат владите се симнати од власт со или без избори. ПРАКТИЧНО, СУДИРОТ Е МЕЃУ ОБОЕНА КАКО НЕДЕМОКРАТСКА ВЛАСТ И ТЕРОРИСТИ, ОБОЕНИ КАКО ДЕМОНСТРАНТИ ЗА ДЕМОКРАТИЈА. За да успеат тие терористи, во почетокот користат бои за да ги фарбаат државните институции. Со тие дејствија често пати добиват дури симпатија од граганите, затоа што глумат некој карневал. Има една народна мудрост: Луд на шарено се радува. Само што полека редиците на тие “глумаџии” се пополнуват со домашни и странски криминалци, почнуваат да се подигаат барикади и да се фрлат молотови коктели, за на крај да се користат багери и вежбани терористи, кои стрелаат со автоматско оружје на месо.

Овие фази се прелеват една во друга, така што не само граѓаните, тукуа и органите за безбедност се изненадени кога позади фрлачот на кеса со боја ќе почнат да пукаат куршуми. Целта на мирно-насилната, вандалската и отворено терористичката фаза е во секој момент да го следат пулсот на општеството и на полицијата. Кога ќе сретнат отпор привремено се смируваат, потоа стануваат уште поагресивни и користат подршка од западните амбасади воедно со надворешен дипломатски притисок.

Во Македонија “шарените” бандити стигнаа до втората фаза и се закануват да поминат кон третата. Зошто тие не успеаја во Русија, во Босна, во Белорусија, во Турција, а во Сирија судирите ги трансформираа во терористичка војна? Затоа што на овие места беа ПРОЧИТАНИ не како глумаџии-демонстранти, туку како терористи. И односот кон нив беше како кон терористи. Се разбира, во такви случаи западната пропаганда вие на умрено, но што ви е гајле, ако сте си ја зачувале државата и независната политика? Ако се вратиме кон “шарените” во Македонија ќе видиме како и владејачката партија, и државните институции, и органите за безбедност немаат појма како да ја потиснат, наметнатата, од пред две години политичка криза.

Да почнеме од општата заблуда на сите, вклучително провладините медиуми. Тие му се потсмеваат на Заев и ја мислат СДСМ за слаба опозиција. Тоа е точно и 9 пати се покажа на избори, но не се сфаќа ДЕКА ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СДСМ Е ПОЛИТИЧКА АГЕНТУРА НА СТРАНСКИОТ ТЕРОРИЗАМ ВРЗ МАКЕДОНИЈА. ТАА ПОЛИТИЧКА МИМИКРИЈА НА ТЕРОРИЗМОТ ВО СУШТИНА НЕ СЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА ИЗБОРИ. НЕЈЗИНАТА ЦЕЛ Е ИСТА КАКО НА ОНА ВО 2001. САМО ШТО ТОГАШ  ОНА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА И ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА, А СЕГА СТРАНСКИОТ И ДОМАШНИОТ ТЕРОРИЗАМ ЌЕ ОДРАБОТАТ ЗА СДСМ, А ТАА ЌЕ СТАНЕ НЕГОВО ПОЛИТИЧО ЛИЦЕ КАКО ВО КОСОВО. Ете зошто на лидерите на СДСМ не им е гајле дали ќе имаат 15 %, 10 % или  5 % поддршка. Нивната и опцијата на странците е да дојдат на власт преку преврат. А како што видовме во 2001, државните институции можат да капитулират и пред 800-1000 добро вооружени и увежбани терористи.

Во споредба со односот кон СДСМ, барем КАНВАС добро е прочитан од медиумите како терористичка групација. Од медиумите – да, но не и од македонските служби за безбедност. Затоа и претставници на таа организација се пуштени во нашата држава. Притоа КАНВАС е само една од многуте инсталации на СОРОС во Македонија, кои исто така мора да бидат третирани како терористи. Затоа и повеќе пати “Македонски манифест” бара од македонската власт СОРОС и неговите 80-100 НВО со 300-400 членови во Македонија да бидат забранети со закон и нивните пари да бидат конфискувани. Тоа е потребно за да бидат отсечени финансиските потоци /официјалните/ кон антидржавните и антимакедонски структури. Тогаш “шарените” ќе мора да се самораспуштат затоа што ќе бидат надвор од законот, и затоа што ќе мора нешто поштено да работат за својата егзистенција, бидејќи ако добијат илегално пари од надвор или од странски амбасади ќе лежат во затвор. Истовремено со конфискуваните пари ќе можат да се згрижат невработени луѓе кои се продаваат за трошка леб на саросоидите. Сега имаме циркузантска состојба. Полицијата апси некој демонстрант /голем успех нема што – 33 луѓе/, потоа го пушта или му се одредува симболична казна. Агресијата на соросоидите стига до таму да бараат извинување од медиумите, затоа што ги објавуваат нивните пари. И замислете, плашат со суд. Ептен друго ќе биде, ако бидат ставени надвор од законот. Тогаш во затвор ќе одат и нивните адвокати, кои сега ги бранат.

И сега доаѓаме до тоа за кое постојано пишувам – недостасува храброст кај македонските политичари и во државните институции. Таква храброст е потребна, затоа што ако бидат забранети СОРОС и неговите инсталации и биде поведена судска постапка против СДСМ како политички дел од терористичката мрежа, и САД и ЕУ ќе скокнат на нозе. Но, како што ќе скокнат, така и ќе тупнат на земја, ако Македонија изјави дека нема да допушти веќе странци да се мешаат во нејзините внатрешни и надворешни работи. Па ниту од САД, ниту од ЕУ. И да побара поддршка од Советот за безбедност при ООН. И еве ја најголемата лага пласирана од македонската опозиција на која се лови и владејачката партија: Ќе ни ја одземат препораката за ЕУ. ВСУШНОСТ НЕ Е ВО НИВЕН ИНТЕРЕС ДА ЈА ОДЗЕМААТ, ЗАТОА ШТО ТАА ПРЕПОРАКА БЕЗ НИКАКВА ВРЕДНОСТ ИМ Е АЛАТКА ДА ГОСПОДАРАТ СО МАКЕДОНИЈА. Ако нема препорака – тогаш надвор сите странски газди,”олеснувачи” и слични фаци! Ако се пак најдат храброст да ја одземат /ако пред тоа не најдеме храброст сами да се тргнеме/, што ке изгубиме? Добро, претпристапните европски фондови. Нивен заменик ке најдеме во банката на БРИКС, од која уште минатата година ни понудија помош. Наместо да увезуваме неквалитетни европски производи, ќе најдеме пазар во Евроазиската економска унија. И од таму имаме понуда.

Вистинскиот проблем е дека сме зомбирани и не ги знаеме своите интереси. А и кога ги знаеме, не смееме да ги кажеме, уште помалку да се бориме за нив. Ние сме како кокошки ставени во оцртан круг на кој писува ЕУ и НАТО и не смееме да погледнеме надвор од него. А ако погледнеме, ке видиме дека во светот постојат повеке од 200 држави, со други зборови не само не ке бидеме изолирани, а ке бидеме слободни надвор од кафезот во кој САД ја држат ЕУ.

Пред да ја уништат македонската држава, терористите ги компромитират и деградираат државните институции. Со целосното повлекување на аболицијата претседателот Иванов се покажа како обичен лажго кој едно ветува друго прави. Ултиматумите на СДСМ и нивните “црвени линии” ги копираат тие на Грција и нивна цел е да влијаат понижувачки на македонската психа. Кога институциите се деградирани, ударот е веќе врз македонскиот народ, затоа што тој е последен кој може да даде отпор. Затоа и “шарените” прават атентати и врз историските споменици, т.е. врз историската меморија на народот. Тоа се вулгарни атентати врз македонската психа, затоа и “глумаџиите” мора да се судат како терористи.

ДОСТА ВЕЌЕ ОД ЗБОРОВИ: “НАРОДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ,’НАРОДОТ ЗНАЕ НАЈДОБРО’! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА СЕ САМООРГАНИЗИРА ,НО И ОРГАНИЗИРА. И БИДЕЈЌИ ШЕФОТ НА МВР Е ВО УЛОГАТА НА ФОТОРЕПОРТЕР, А НИКОЛА ГРУЕВСКИ НАМЕСТО ДА СЕ ВРАТИ НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕМИЕР, ОДМАРА СО ФУДБАЛ И БАСКЕТ, ПОТРЕБНО Е ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ-ПАТРИОТИ ДОКОЛКУ СЕ ПРИСУТНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ НИВНАТА ОДГОВОРНОСТ. НАЈБИТНО Е ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ. НА ТОЈ НАЧИН И ИДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ФАЛАТ СО ПОДИГНАТИ СПОМЕНИЦИ НА ДЕНЕШНИ ХЕРОИ ЗАГИНАТИ ЗА МАКЕДОНИЈА.