„За заедничка Македонија“: Се повикуваат граѓаните од сите градови да дојдат пред Собранието (ВИДЕО)

„Се повикуваат сите граѓани од сите градови да дојдат пред Собранието на Република Македонија. Народот е сопственикот во оваа држава“, се наведува во прогласот на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, којашто на протестите кои траат веќе два месеца бара отфрлање на ткн Тиранска платформа од страна на СДСМ која пледира да формира влада со поддршка на сите албански пратеници за којашто сметаат дека ќе ја редефинира унитарниот карактер на државата.

Во моментов пратениците на СДСМ, ДУИ, новиот спикер на парламентот и новинарите се засолнати од страна на обезбедувањето во прес-центарот.

Толпата народ што влезе во главната собраниска сала се обиде да влезе во центарот. Во моментов во пленарната сала се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои извикуваат „ова е државен удар“, „вратете ни го Собранието“.

Претходно лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави „нека ни е со среќа изборот на нов собраниски спикер“.

„Согласно правото деловничкото право избравме собраниски спикер. Со 61 глас Талат Џафери е избран за претседател на Собранието. Созволете да му посакам се најдобро и конечно почитување на Уставот, Деловникот. Моја земјо нека ни е честито изборот на нов претседател на собранието“, рече лидерот на СДСМ , Зоран Заев во собранискиот прес-центар.

Сепак, народот набрзо  го врати Собранието во свои раце . Граѓаните во моментов се во Собранието на Република Македонија откако претходно пратениците на СДСМ и нивните коалициски партнери спротивно на Деловникот и Законот насилно го избраа Талат Џафери за нов парламентарен спикер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.