Заев ја продава и редефинира Македонија во Речица!

заев

Имено, Зоран Заев започнува со неговиот план за редефинирање на државата.

Тој и крои капа на цела Македонија вечерва токму во седиштето на ДУИ во Мала Речица, договарајќи се за платформата на Рама за прекројување на Македонија и нејзино редефинирање, практично одработувајки нов Рамковен договор.

Заев иако ја нема поддршката од мнозинството Македонци, вечерва тој разговара за повеќе отворени прашања меѓу кои- воведување на двојазичност, претседател на највисоката собраниска инститиција Албанец, како и за идејата за промена на парите, химната и останатите државни обележја.

Практично идејата е сите институции кои ја симболизираат државата, покрај табла на македонски да имаат и табла на албански јазик, освен тоа планот првичен е тоа да се одвива во фази- првиот пакет јазични бенефиции кои би ги добиле Албанците и втор пакет на сите болни прашања за Македонците кои би се исполниле за 6 месеци потоа.

Засега нема потврда дали е на повидок нов договор, но очигледно Заев прави неповратна штета за унитарноста на македонската држава, наметнувајќи нов Рамковен договор преку негово репреговарање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.