Затвореници качени на покрив фрлаат ќерамиди

Тројца затвореници во моментот се качени на покривот на затворот „Идризово“, од каде што во знак на револт фрлаат ќерамиди и бараат средба со директорот Ќерим Махмути, објави Фокус.

Надвор пред затворската зграда се соберени сите заповедници, но тие инсистираат да разговараат со директорот, се’  уште не излегол надвор.

Затворениците се качиле на покривот, под кој се наоѓа амбулантата, која во моментот е оставена под ведро небо, бидејќи дел од ќерамидите завршиле во дворот на затворот, стои во информацијата на Фокус.