Македонија,Политика

Зекири потврдува: СДСМ ги прифати сите точки од платформата

Зекири потврдува: СДСМ ги прифати сите точки од платформата

СДСМ и Зоран Заев ги прифатиле сите барања од Тиранската платформа. Ова го потврдува пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во дебата на телевизија 21 заедно со Изет Меџити од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Зекири вели СДСМ нема проблем со декларацијата на албанските партии и нивните барања.

„Ние сме кажале дека СДСМ нема никаков проблем со декларацијата, сега стана позната како платформа. Со декларацијата со барања во завршна фаза сме со преговорите, нема што да криеме од граѓаните“, потврдува Зекири.

Ставот наСДСМ во однос на тиранската платформа досега за јавноста не беше докрај познат. Лидерот на партијата, зоран заев одбиваше да го изнесе ставот пред да добие мандат за состав на влада. Но, во неколку наврати рече дека имаат позитивно гледиште. Заев докрај не ја отфрли платформата ниту кога ја презентираше програмата на партијата..  За химната, знамето рече дека ќе се дебатира.

Последните  анкети  на јавното мислење покажуваат социјалдемократите ја губат поддршката од граѓаните токму поради нивните ставови кон Тиранската платформа.

Јасно беше дека тоа ќе се одрази на самиот рејтинг на СДСМ и затоа имаме едно опаѓање кај СДСМ, додека кај ВМРО ДПМНЕ кои беа против платформата од Тирана имаме зголемување на рејтингот односно зголемување на поддршката, вели Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).

Божиновски вели доколку СДСМ и во иднина не излезе со јасен став и отфрлање на Тиранската платформа ќе се соочи со уште поголем пад на поддршката меѓу граѓаните особено од Македонците  и останатите етнички заедници во државава.

Во моментов може да се очекува и понатамошен пад на поддршката на граѓаните за СДСМ и тука говорам за етничките Македонци и останатите помали етнички заедници се разбира треба да видиме дали ќе има одредени реакции од ВМРО ДПМНЕ, а особено од СДСМ. Но, доколку остане како што е во моментов односно перцепцијата дека Заев е спремен да ја прифати платформата од Тирана со цел да стане премиер на РМ очекувам дека може да се случи и понатамошен пад на рејтингот на Социјалдемократскиот сојуз, вели Божиновски.

Анкетата изготвена од ИПИС покажа дека во споредба со резултатите од изборите на 11 декември рејтингот на ВМРО ДПМНЕ предводена од Никола Груевски пораснал за 1,6 отсто, додека во изминативе три месеци довербата во политичките на СДСМ и Заев опаднала за 2,6 отсто.