Злато и евра украдени од стан во Тетово

Тетовец остана без златото и еврата откако арамија му провали во домот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последниве три дена домот на 32-годишниот Х.Ј. на улицата Вон Вардарска во Тетово бил мета на арамија.

Арамијата успеал со погоден предмет да ја отворил влезната врата и по пребарувањето одземал 100 евра и златен накит, правејќи штета од околу 5.000 евра.

Полицијата работи на откривање на арамијата кој избегал со богатиот плен.