Веб страната за резервирање на туристички објекти во Република Македонија www.macedoniabooking.com почнува кампања за промоција на природните убавини на Македонија преку нудење сместувачки капацитети во туристичките места и во недопрените скриени локации.
Кампањата насловена како „Викенд бегство” ќе промовира по една локација секоја среда, која во текот на една недела ќе може да се резервира по најниски цени, а купената понуда да се искористи во следните два месеци.
Како составен дел на понудата ќе има и понуда на активности во кои што туристите ќе можат да уживаат и местата карактеристични за секој регион кои што ќе можат да ги посетат.
– Станува збор за една комплетна понуда, за која се надеваме дека ќе биде интересна за сите авантуристи и љубители на одмор, релаксација, спорт и традиционална македонска кујна, велат од „МакедонијаБукинг“.
Прва локација за оваа среда е „Вила Минами“, сместена во селото Коњско на планината Галичица, на оддалеченост од 10 километри од Охрид.
Понудата може да ја разгледа на следниот линк: http://www.macedoniabooking.com/product/vila_minami_ponuda/.