ОПЕМ: Радмила Шекеринска нема кредибилитет повторно да ја бара довербата од граганите, Египќаните нема да дозволат да бидат манипулирани

Можеме да сметаме на развој на севкупните процеси, особено на оние демократски, само тогаш кога имате едбна силна и конструктивна опозиција, која ќе послужи како коректор на власта, со своја квалитетна и конкурентска програма, која може да му ја понуди на граѓаните, а се со цел, подигнување на квалитетот на живот  на сите граѓани на Р.Македонија, без разлика а национална, верска или било која припадност, вели Демир Далип-лидер на ОПЕМ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ОПЕМ.

Водењето на една деструктивна политика, санмо им дава шанса на ретроактивните и деструктивни процеси, кои сами по себе се кочница на развојот на демократските процеси, развојот на економијата и држење во живот на меѓуетничките и меѓурелигиските односи, во едно мултиетничко и мултиконфенсионално општевство, како што е и Македонското општевство.

Доколку дозволиме да се ерозираат и делигитимираат институциите на системот, тогаш одиме против државата, нема идеални институции,  но има модели као истите да се корегираат, притоа ценејки го нивнит дигнитет.

За жал, Р.Македонија ја нема таа ,,среќа,, да има една силна и конструктивна опозиција, која ќе биде силен коректив на власта. Опозицијата е веќе  дел од Владата, практикува власт, но  во овој период, не гледаме никакви придвижувања кон  подобро. Во, таква ситуација се прашуваме, која е целта, да се биде дел од власта, ако за тоа, мандат не ти дале граганите на Р.Македонија???

Денес, во Р.Македонија  не можеме да гледаме опозиција, кога таму втор човек е личност, која продажбата на ЕСМ, ја третираше како ,,бонбона инвестиција,, од чија продажба најлолема штета трпат граганите на Р.Македонија.

Едноставно, Радмила Шеќеринска нема кредибилитет да се појавува пред граганите и повторно да ја побара нивната доверба, нејзиното појавување и штети и на самата опозиција, бидејки  истата вече долг период е на политичката сцена во Р.Македонија, и со  неколку нејзини постапки, е доведена во позиција, во поголем број градови, да не ја угостат, како на пример  во Струга.

Треба да се има  храброст  но и дрскост, да се појавиш пред граганите, и повторно да побарате доверба, без притоа да ја анализирате вашата активност политичка во минатото. Поради продажбата на ЕСМ, Владата на Р.Македонија, предводена од Никола Груевски, водејки грижа за ранливите  категории, интервенираше со субвенции, а се со цел да не дојде до социјални немири. ОПЕМ, во својата ПЛАТФОРМА, има зацртано, да се побара Ревизија на Договорот  за продажба на ЕСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.