Македонка меѓу најдобрите студенти во САД

Дваесетгодишната кумановка Сара Симоновска, која се образува и живее во САД доби уште едно високо признание со кое може да се гордее цела Македонија.

Сара средното образование го заврши во едно од најтешките средни музички училишта во светот – „Interlochen“.

Таа студира ударни инструменти, а изминатата година беше добитник на целосна стипендија во вредност од 50.000 долари на Универзитетот во Џексонвил, Флорида.

Сара Симоновска овој пат е прогласена за еден од најдобрите студенти во САД, нешто што не прави горди сите Македонци.

И посакуваме се најдобро и уште низа нови успеси.