Македонка тешко повредена во верижна сообраќајна несреќа во Србија (фото+видео)

Вистински хорор се случи вчера во Србија.  На автопатот Белград-Скопје, недалеку од местото Предејане се случила тешка сообраќајна несреќа.

soobrakjajkaaa_2

Според српската национална телевизија, несреќата се случила вчера околу 15 и 30 часот, а во неа учествувале осум возила, еден камион, едно комбе и шест патнички моторни возила.

soobrakjajkaaa_3

Десет луѓе се повредени, а меѓу повредените има и четири деца како и македонската државјанка Велнтина Стефановска од Куманово. Македонската држајванка со тешки повреди е префрлена во болницата во Врање откако во нејзиниот автомобил удрило товарно возило по што настанал верижен судир.

soob_4

Очевидци велат дека верижниот судар се случил меѓу камион кој доаѓал од правец на Лесковац, но свртел во спротивната страна на коловозот и удрил во комбе, па потоа во камион што превезувал трупци, се одбил и продолжил понатаму.

Детали за здраствената сотојба на Македонката се најавуваат за денеска.

ФОТО: blic.rs