Македонка во трката за најдобра апликација која ќе ве насмее

I Laugh you e нова мобилна апликација која учествува во „The Happiness App Challenge“, меѓународен натпревар за апликации кои имаат за цел да предизвикаат емоции на среќа кај корисниците. Креирана е од Александра Спировска, која е дел од тимот на jBoxers, специјално за споменатиот натпревар.

Идејата на апликацијата се базира на заразна природа на смеата – корисниците добиваат можност да се забавуваат слушајќи го смеењето на другите луѓе во мрежата. Секој може да го сними и анонимно да го прикачи сопственото смеење, да ги прегледува и оценува туѓите, и да ги зачувува оние кои му се омилени за повторно слушање, преку интерфејсот кој според програмерите е прилично интуитивен и со чист дизајн. I Laugh You се натпреварува со уште 200 други апликации од целиот свет, и ќе биде поставена за бесплатна употреба по завршувањето на натпреварот.

Целта на натпреварот е создавање на апликација која ќе шири позитивни емоции кај луѓето кои ја користат, како и да ги инспирира софтверските инженери низ целиот свет да се насочат кон креирање на ваков тип на апликации, кои би го подигнале коефициентот на среќа во светот.

Покрај изборот на победник кој се прави од страна на стручното жири, свој победник има право да одбере и публиката од целиот свет, кој со тоа добива награда од 10000 $.

За да помогнете I Laugh You да победи на натпреварот, можете да гласате на ОВДЕ на многу едноставен начин. Гласањето трае до 21 јануари.

Ова е видеото на апликацијата: