Македонија,Крими хроника

Македонки заминале на печалба во Холандија, завршиле како робинки

Македонки заминале на печалба во Холандија, завршиле како робинки

Македонки заминувале на печалба во Холандија каде требало да берат печурки, а завршувале како робинки.

Шест Македонки од групата од 27 македонски државјанки кои биле трудово експлоатирани во Холандија се дел од истрагата против Холанѓанец, сопственик на фарма за печурки на која работеле нашинките, а кој е обвинет за трговија со луѓе.

Девојките во 2012 година на интернет нашле оглас за работа во Холандија, па преку претставничка на фирмата во земјава заминале на печалба.

При контрола на фармата било откриено дека Македонките биле затворани во бараки, пасошите им биле одземени, а не им биле исплаќани плати како што било предвидено со договорот кој го потпишале пред да отпатуваат. Македонките што одлучиле да сведочат против газдата како жртви на трговија со луѓе останале во Холандија згрижени во шелтер-центар, а останатите биле вратени во Македонија.

Без пари, малтретирани и понижувани. Ова е судбината на многу македонски државјани кои во потрага по работа во странство завршиле како жртви на трговија со луѓе. Експертите предупредуваат дека во јавноста треба да се актуелизира проблемот на трудова експлоатација за да можат граѓаните да препознаат и да се заштитат од лажните понуди за работа.

Извор: Дневник