Македонска алијанса: Волјата на народот е основа на државната власт

Волјата на народот е основа на државната власт, а избирачкото право е основно политичко право на граѓаните и претставува обележје на современите, демократски, плуралистички држави кое е загарантирано со Универзалната декларација за правата на човекот од 1948 година.

По повод разговорите на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино поврзани со гласањето на дијаспората, по вчерашното соопштение на Обединетата македонска дијаспора, денес преку писмено соопштение се огласи и Македонска Алијанса.

Македонската Алијанса, како политички субјект кој речиси 20 години силно ги подржува активностите на Македонската Дијаспора, уште еднаш ги повикува сите политички субјекти во Република Македонија, да не се пазарат со основното демократско право на Македонската дијаспора, да избира и да биде избрана за да влијае на општествените текови во Татковината, се вели во соопштението што претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, го упати до лидерите на политичките партии и целокупната Македонска јавност.

Избирачкото право е основно политичко право на граѓаните

Од Македонска Алијанса велат дека избирачкото право е основно политичко право на граѓаните и претставува обележје на современите, демократски, плуралистички држави кое е загарантирано со Универзалната декларација за правата на човекот од 1948 година.

Ние сме свесни дека веројатно има одредени прашања кои можат да се подобрат, но секој почеток е тежок и секогаш постои можност правилата да се унапредат врз основа на претходните искуства. Ние имаме разбирање за фрустрацијата на одредени политички партии, кои својот неуспех да се наметнат програмски во дијаспората сакаат да го решат со иницијативи за укинување на нивното право за гласање. Зголемувањето на одзивот кај иселениците, не може да се реши само со воспоставување на изборен праг, туку со осмислена Државна стратегија која ќе биде усвоена со општествен и политички консензус, и ќе биде насочена кон градење на чувство на припадност кон Татковината на новите генерации иселеници и со тоа зголемување на одзивот на следните избори.

Од Алијансата порачуваат дека еднаквоста како принцип на избирачкото право значи дека гласот на секој граѓанин има еднаква вредност.

Волјата на народот е основа на државната власт

Волјата на народот е основа на државната власт
Волјата на народот е основа на државната власт

Партиите кои се дел од оваа работна група под никаков основ не смеат да ги дискриминираат граѓаните од Македонската Дијаспора и да ја девалвираат вредноста на нивниот глас, посебно не на овие избори, бидејќи истите ќе преставуваат крстопат за иднината на Македонците. По осамостојувањето на Македонија овие избори имаат најголемо значење затоа што после нив многу работи ќе се сменат во македонската политика.

Од Македонска Алијанса ги повикуваат сите учесници во оваа дебата, да не се осудат да ги прекршат правата на своите граѓани.

Ова треба да биде точка од која не отстапуваме затоа што волјата на народот е основа на државната власт, велат од Алијансата.

 

По повод разговорите за избирачкото право на Дијаспрата вчера се огласи и ОМД. Повеќе информации за ова на следниот линк.