Македонска апликација за повикување на такси на Саем во Германија

Градот Хановер повторно станува центар на дигиталниот свет. Најголемиот и најпознатиот саем за информатички и комуникациски технологии во светот CeBIT, денес официјално ги отвара своите врати во Хановер, Германија, а Claxi која e првата македонска апликација за повикување на такси гордо ќе го претави својот производ рамо до рамо со најголемите светски брендови од оваа област.

На најголемиот и најпознатиот саем за информатички и комуникациски технологии – CeBIT, ќе се претстави и компанијата Claxi, каде ќе го презентира концептот на апликацијата, предностите и бенефиции за корсниците, а истовремено во оваа прилика да и да пенетрира и на странскиот пазар. Во моментов тимот на Claxi работи на лансирање на оваа апликацја и на српскиот пазар.

Тимот на Claxi, оваа година реши да ги изненади своите корисници, подарувајќи беслатни влезници на сите оние кои сакаат да бидат дел од CeBIT 2015. Заинтерсираните кои сакаат да станат добитник на оваа влезница, потребно е да го контактираат тимот на Claxi, на contact@claxi.net.

На овогодинешниот саем CeBIT кој ќе се одржи од 16-ти до 20-ти март се очекуваат повеќе 500.000 посетители и околу 4.000 изложувачи од над 70 држави а на саемот ќе бидат претставени најиновативните решенија од оваа област.