Македонија

Македонска берза одбележува 20 години од основањето

Македонска берза одбележува 20 години од основањето
Презентација за берзантското работење по повод 20 години Македонска берза

Македонска берза АД Скопје ќе одбележи 20 години од Основачкото Собрание на акционери.

По тој повод Македонска Берза АД Скопје ќе одржи официјална презентација за 20-те најдобри студенти родени 1995 година од насоката финансиски менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј  Скопје и ќе им подари соодветни едукациски материјали и алатки.

Во рамките на овој настан пригодно обраќање ќе имаат претставници на Берзата и Економскиот факултет Скопје, а главниот извршен директор Иван Штериев ќе даде изјава за досегашното работење на Берзата.