четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

Македонска делегација во посета на парламентарните институти во Чешка и Словачка

sobranie118

Последни вести

Македонска делегација во посета на парламентарните институти во Чешка и Словачка. Во состав на работната група од Собранието на Република Македонија се потпретседателите Рената Дескоска, Рафис Аљити и пратениците Сашо Василевски, Јасминка Дамчевска, Нора Алити, Талат Џафери и Јагода Шахпаска, како и претставници на Парламентарниот институт на Собранието на РМ и службеници од други сектори.

Од денеска до 27. ноември, во Прага и Братислава, македонските претставници ќе се посветат на размена на искуства во врска со работењето на парламентарните институти и ќе остварат работни средби со своите колеги парламентарци, јави дописникот на МИА од главниот град на Чешка.

Проектот за воспоставување и развој на Парламентарниот институт на Собранието на РМ е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и поддршка на Националниот Демократски Институт (НДИ).

Посетата на македонската парламентарна делегација е во организација на Националнаиот Демократски Институт (НДИ) и Швајцарската амбасада во Скопје.

Најчитани вести