Македонија,Политика

Македонска делегација на Инвестицискиот самит во Дубаи

Македонска делегација на Инвестицискиот самит во Дубаи

Македонска Делегација предводена од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, амбасадорот на Македонија во Индија, Тони Атанасовски, и директорот на Агенција за странски инвестиции, Висар Фида, на покана на министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати, Сулатан бин Саеед Ал Мансоури, од шести до десетти април учествува во официјалната програма на најголемиот Глобален инвестициски самит во Дубаи.

На овој самит учествуваат повеке од 44 земји од светот,заедно со претставниците на најголемите инвестициски фондови и компании. На свечната манифестација на отварањето на Самитот учествуваше Шеикот Мохамед бин Расхид Ал Мактоум владетелот на Дубаи. Во периодот од шести до десетти април се очекува македонската делегација да оствари официјални средби со претставници од Индонезија, Брунеи, Кувајт, Саудиска Арабија, ОАЕ, Малезија и Оман.

Официјалната покана за посета на Самитот е резултат на учеството на министерот Наумоф и амбасадорот Атанасовски на Форумот за инвестиции во Индија (Бангалор) во јануари годинава каде делегацијата доби лична покана од Султанот бин Саеед Ал Мансоури да го посети Самитот во Дубаи ОАЕ.