Македонска делегација на молебен на гробот на Св. Кирил во Рим

Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Рим ја предводеше државно – црковната делегација на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

Како што соопшти МНР, во присуство на бројни гости, со молебенот, на гробот на Светителот, чиноначалствуваа митрополитот дебарско – кичевски Тимотеј и митрополитот Европски г. Пимен.

делегација рим св кирил

Традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ утре ќе биде збогатена со настап на музичката група „Баклава“, која во Рим ќе ја претстави македонската изворна музичка традиција.

попоски рим св кирил

Министерот Попоски, на 26 мај, како дел од државно – црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, ќе присуствува на аудиенцијата кај Папата Франциск, а веднаш потоа ќе го придружува македонскиот претседател на средбата со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската Палата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.