Македонија

Македонска делегација во посета на Индија

Македонска делегација во посета на Индија

Од 27 до 29 Јануари во Индија се одржува интернационалниот Самит  организиран од најголемата стопанска комора на Индија  (КИИ). На овој настан учествуваат повеќе од 1000 компании и претставници на 24 земји од регионот.

Македонската делегација која учествува на настанот е предводена од Министерот Џери Наумоф и Министерот  Иво Ивановски, како и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, Тони Атанасовски, новоназначен амбасадор за Индија, како и Васил Димовски , Шеф на Кабинетот на Министерот Наумоф.

Македонската делегација оствари повеќе официјални средби со највисоките претставници на индиската влада и беше поканета на свечената вечера организирана од шефот Министер на државата Карнатака, Сидарамаиах.

На официјалната средба со федералниот Министер за индустрија и трговија, Ананд Шарма беше истакнато значењето на економската промоција на меѓународниот бизнис и развивање на глобалната трговија.