среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 23

Македонска делегација во посета на Турција

Во рамки на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Правосудната академија на Република Турција, правосудна делегација од Република Македонија, предводена од директорката на Академијата, Анета Арнаудовска, оствари посета на правосудни институции во Република Турција.

делегација

Поврзани вести

Посетата која се реализира од 24 до 28 октомври, како што соопшти Академијата, е дел од активностите содржани во Договорот за соработка кој го потпишаа првите луѓе на двете Академии, со цел интегриран настап во области од заеднички интерес за унапредување на ефикасноста и ефективноста на правосудните системи на двете земји.

Претставниците од Репбулика Македонија оствариле средби со претседателот на Правосудната академија на Република Турција, Јилмас Акцил, потпреседателот на Академијата, Мустафа Артук, Рејхан Јилдерим Атакур, раководител на Секторот за меѓународни односи и проекти, судиите Берат Думан и Аднан Дондералп, како и Сибел Ѓокчеоглу, правен експерт од Правосудната академија на Република Турција.

Како што е наведено во соопштението, македонската делегација го посетила Високиот совет за судии и обвинители на Република Турција каде оствариле средба со претставници на Советот, имајќи предвид дека посетата била со цел запознавање со правосудниот систем на Република Турција.

За време на посетата биле реализирани средби со претседателот на Судот за спорови од судска надлежност и член на Уставниот суд на Турција, Нури Нечипоглу, со претставници на Касациониот суд во Анкара, на Министерството за правда на Република Турција, со јавни обвинители, како и со претставници од  UYAP Центарот.

Правосудната делегација била примена и од македонскиот амбасадор во Турција, Ѕвонко Муцунски, кој во оваа пригода ја истакнал важната улога на Академијата „Павел Шатев“ во унапредувањето на односите помеѓу двете правосудства, особено професионалните односи помеѓу двете Академии како клучни институции за јакнење на независноста, ефикасноста и стручноста на судиите и обвинителите.

За време на посетата директорите на двете академии размениле искуства во однос на идните проекти насочени кон унапредување на квалитетот на обуката, а особено за актулената тема посветена на унапредување и оценка на ефикасноста на обуката и степенот на применетите знаења стекнати во текот на обуките.

Преставниците на највисоките правосудни институции од Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, претседателите на судовите, јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Македонија кои беа дел од делегацијата, во разговор со своите колеги ги разгледале можностите за продлабочување на соработката во рамките на нивните надлежности.

Арнаудовска во оваа пригода му упатила и лична покана на претседателот на Правосудната академија на Република Турција, Јулмаз Акцил со неговиот тим да присуствуваат на 10-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ која свечено ќе биде одбележана на 24 ноември годинва, а во чии рамки ќе се одржи конференција на директорите на институциите за обука на судиите и јавните обвинители од регионот и пошироко.

Најчитани вести