четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 19

Македонска Каменица: Градежни зафати за превенција од поплави

Во Македонска Каменица во тек се градежни зафати за изградба на пропусти и плочести мостови во селото Моштица.

mak-kamenica-640x427

Последни вести

Во Македонска Каменица во тек се градежни зафати за изградба на пропусти и плочести мостови во селото Моштица.

Целта на градежните зафати е превенција од поплави на критичните места во општината. Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека овие градежни зафати се дел од инфраструктурното уредување на општината, посебно во делот на патната инфраструктура.

Во последниов период работиме на поставување пропусти. Во моментов реализираме еден поголем зафат во село Моштица, односно еден поголем пропуст во ова село, а претходно исти такви пропусти поставивме и во селата Косевица и Саса. Инаку, во оваа прилика можам да потенцирам дека сите пристапни патишта се целосно уредени, пропустите се бетонирани, поставени се и влезно-излезни глави и се надеваме дека нема да ги имаме проблемите со кои претходно се соочувавме, како што беше честа слика во овие подрачја, однесување на дел од патиштата или отсекување на патиштата при временски неприлики и обилни врнежи, истакна Митевски.

Во рамките на превенцијата од поплави изминатиов период во оваа општина се чистеа и сите речни канали, а поради конфигурацијата на теренот од Општина Македонска Каменица не очекуваат поголеми проблеми од евентуалните пооболни дождови и поплави.

Најкритичен дел во Македонска Каменица остануваат одроните и свлечиштата по регионалните и локалните патишта.

Најчитани вести