Македонска компанија покровител на Едукативен и тренинг центар за енергетска ефикасност на ЕУ во Софија

Македонската команија Цивкон АГИ зема активно учество во опремувањето на лабараторијата за енергетска ефикасност, со производите на „ProClima“и со споделување на своите знаења. Заедно со „Hexagon Build“, „Passive House Bulgaria“ и други познати брендови, Цивкон АГИ е еден од покровителите на Центарот, а исто така компанијата е во подготвителна фаза на отвирање на идентитечн центар за обуки и во Македонија.

„Мошне е пријатно кога ќе разберете дека сте ги надминале границите на матичната држава и кога добивате признанија во земји кои доскоро ви изгледале недостижни. Во Шведска веќе ни е дадена довербата да изградиме пасивен објект и забрзано работиме на реализација на тој проект. Нашиот ангажман во делот на Градежната Дијагностика и мерната опрема што ја поседуваме, исто така, ни отвори широки перспективи, но сепак знаењата и материјалите за кои сме застапници, за постигнување на реални и високи нивои на енергетска ефикасност кај градежните објекти, најшироко ни ги отворија вратите за признанија во балканските земји и во Скандинавија“, вели Андреј Андреев од Цивкон АГИ.

18581596_1517890731578827_3132643009502189192_n

Како резултат на се ова дојде и соработката со проектот финансиран од ЕУ, ЕДУКАТИВЕН И ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, лоциран во Софија, додава Андреев, сертифициран инженер за пасивни куќи.

Цивкон е еден од покровителите на овој центар, посебно во делот на воздухонепропустливоста на објектитe како еден од основните услови за постигнување на реална енергетска ефикасност. Цивкон како застапници на брендот „ProClima“ за поширокиот регион, ја опремија лабараторијата во Софија со едукативни материјали на оваа тема, но ќе го споделуваат и нивното знаење со сите оние кои ќе се едуцираат во тој центар.

Цивкон АГИ е во подготвителна фаза за отпочнување на висококвалитетни обуки за енергетска ефикасност во градежни објекти во Македонија, со програма која ќе ги опфати сите аспекти на енергетската ефикасност, при проектирање, изградба и контрола на постигнатите резултати.

„Сметам дека сега е вистински момент да објавиме дека Цивкон АГИ, во склоп на многуте проекти во Европа на тема 2020, започнува со проект за едукација на 2020 градежници за вистинско практикување на енергетската ефикасност до 2020 година. Под градежници подразбираме инженери, работници, но и други структури инволвирани во процесот на градење. Во тек се подготовки за висококвалитетни обуки за енергетска ефикасност во градежни објекти, со кои ќе ги опфатиме сите аспекти на енергетската ефикасност, при проектирање, изградба и контрола на постигнатите резултати. Посебно внимание ќе обрнеме на практичните обуки, со што првпат во Македонија ќе се добијат реални и употребливи знаења. За таа цел во еден дел ќе биде користена и лабараторијата при Центарот за енергетска ефикасност во Софија“, најавува Андреев.

Посебно внимание ќе биде посветено на практичните обуки, со што првпат во Македонија ќе се добијат реални и употребливи знаења. За таа цел, во еден дел ќе биде користена и лабараторијата при Центарот за енергетска ефикасност во Софија.