Македонија

Македонска органска храна за децата од градинката „Срничка“

Македонска органска храна за децата од градинката „Срничка“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со претставници од учесниците на Фестивалот на органска храна денеска подарија македонска органска храна на дечињата од детската градинка Срничка во Аеродром.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски истакна дека целата на овој чин е да се анимира најмладата популација и да се запознае за значењето и важноста на конзумирањето на органската храна.

-Производството на органската храна е еден од високите приоритети на Владата на Р.Македоинија и токму во изминатите години силно го поддржуваме овој начин на земјоделско производство. Секогаш се обидуваме финансиската поддршка да го следи трендот на зголемување на капацитетети и барањата на производителите, посочи Костадиновски.