Македонка осомничена за убиство во Австралија: Ја убила мајка си во семејната куќа

Дваесетгодишната Симона Зафировска од Бризбејн, Австралија со македонско потекло се сомничи за грозоморно убиство на својата мајка, Радица Зафировска, јавуваат австралиските медиуми.

Полицијата го нашла телото на Радица на вториот кат од семејната куќа, а јавуваат дека раните по нејзиното тело биле застрашувачки и веројатно се направени со тапи предмети.

avtsralija-ubistvo

Мотивите сè уште не се познати, а Симона утре ќе биде изнесена пред суд.

Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немало проблеми со нив. Радица била вработена како хигиеничарка, а Симона сè уште била на студии.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.