Македонија

Македонска пошта се вклучува во хуманитарните активности за тетовско

Македонска пошта се вклучува во хуманитарните активности за тетовско

Со организирање Недела на хуманост, АД Македонска пошта ќе се вклучи во хуманитарните активности на Црвен крст на Република Македонија за помош на настраданото население од поплавите во Тетово и тетовско.

Хуманитарната акција насловена „ Да ја покажеме нашата хуманост! “, ќе се спроведе од денеска до 15 август преку поштенските единици низ државата.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани помошта во храна, облека, средства за лична хигиена и дезинфекција ќе можат да ја предадат во сите единици на поштенската мрежа на АД Македонска пошта. Дистрибуцијата на хуманитараната помош ќе ја спроведе Црвениот крст на Рeпублика Македонија во соработка со АД Макeдонска пошта, се вели во соопштението од Црвен крст на РМ.

Воедно се потсетува дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во акцијата и со обезбедување парична помош:

Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвен крст на РМ, како што се наведува, ќе ги координира активностите и за прием на хуманитарна помош која ќе пристигне во земјата како донација од меѓународни донатори.

Црвениот крст на Рeпублика Македонија и натаму ги повикува правните субјекти и граѓаните да ја искажат својата солидарност преку активна поддршка на оваа хуманитарна акција.