Македонска православна црква ќе се гради во Загреб

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе присуствува на поставувањето камен-темелник на македонската православна црква „Света Злата Мегленска” во Загреб, Хрватска.

Попоски ќе одржи говор по повод овој свечен и свет чин, а на церемонијата ќе и претходи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.