петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Македонската Царина со богат „плен“

carina-krivicni-juni

Последни вести

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, алкохолни пијалоци, цигари, тутун, автоделови, мобилни телефони, телевизор, облека, козметички средства, опрема за алпинизам и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Рачни часовници

– 1 нов рачен часовник марка CARTIER chronograph и еден употребуван рачен часовник марка Breguet-Horloger de la Marine, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес и контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Првично, во патниот куфер на патникот биле пронајдени две празни кутии од рачни часовници, едната со натпис CARTIER а другата со натпис Breguet, по што бил извршен и личен претрес на патникот. Притоа во џеб од неговите панталони бил пронајден часовникот марка CARTIER chronograph а на неговата рака бил пронајден часовникот марка Breguet-Horloger de la Marine. Покрај тоа во неговиот личен багаж се пронајдени фактура со износ од околу 9.000 швајцарски франци за часовникот CARTIER chronograph и фактура за извршен  комплетен сервис со износ од околу 2.000 швајцарски франци на часовникот марка Breguet-Horloger de la Marine.

Часовниците се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Алкохолни пијалоци, цигари и тутун

– 36 литри Узо (18 шишиња по 2 литри) и 9 литри домашна мастика (6 шишиња по 1,5 литри), откриени при контрола на германски автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените алкохолни пијалоци, пронајдени зад возачкото седиште и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 19 штеки цигари од марките LD Blue 100S, LD RED, Rodeo Blue 100S, Brand blue Philip Morris, Winston Blue, Rodeo Slims и Benston Elegance & style,  со македонски  акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари, пронајдени под хаубата, под патосницата пред совозачкото седиште, во фиоката за документи како и на задното седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 70 килограми сецкан тутун и 27 штеки цигари од марките Pall Mall и Ronhill, со македонски акцизни маркички, откриени на железничката станица Табановце, при контрола на празен товарен воз пријавен за излез од државата. Царинските службеници забележале црна кеса која висела од еден од вагоните, по што бил извршен детален преглед и во страничните празнини на подвозјето на вагонот биле откриени повеќе најлонски кеси со цигари и тутун, чиј сопственик е непознат.

Автоделови

– 10 парчиња автоделови (бендекси, пумпи за гориво, ребрасти каиши,  црево за вода и звучник) и 80 грама маст за подмачкување, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во просторот за резервно тркало во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 2 комплети амортизери за автомобил марка Maserati, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените амортизери, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Техничка стока

– 1 телевизор марка Samsung, откриен при контрола на швајцарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот телевизор, пронајден во просторот меѓу задните седишта и багажникот на возилото, е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 8 употребувани мобилни телефони од марките NOKIA, SAMSUNG и IPHONE 6, и 2 употребувани таблет уреди марка HUAWEI SN, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој пристигнал со лет од Малме.

Останато

– 173 разни производи (облека, рибарски чизми и потопни пумпи) и 240 кутивчиња со восок за коса, откриени во два одвоени случаи, при контрола на две патнички возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, при контрола на холандски автомобил, управуван од холандски државјанин, во кутии и кеси сместени во багажникот и под седиштата на возилото, се пронајдени 160 парчиња облека (машки маици и дуксери од памук), 3 потопни пумпи и 10 пара рибарски чизми.

Во вториот случај, при контрола на германски автомобил со кој патувале двајца турски државјани, во багажниот простор, зад торбите со лични работи и во просторот за резервно тркало, се пронајдени 240 кутивчиња од по 150 ml со восок за коса.

Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против сторителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

– 6 делови од опрема за алпинизам (држачи за метални греди ANCHOR DEVICE и дефендери), откриени при контрола на српски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во кутија сместена во багажниот простор, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 2.540 парчиња училишен прибор (табли за пишување, ПВЦ папки, несесери, дневници, училишни ранци, моливи, кутии за моливи, кесички за пари, сетови – блок со молив, ленир, острилка и гума) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, а согласно законските прописи Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нејзината оригиналност.

Измама

Во царинската испостава Гевгелија е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.

Во текот на месец мај, 2016 година, увозник од Струмица  пријавил за увозно царинење вештачко ѓубре, декларирани во тарифни ознаки со пропишана стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на стоката според Водичот за царинење, биле земени мостри и испратени на испитување во Царинската лабораторија. Резултатите од испитувањето  покажале дека пријавената стока треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака, со пропишани  стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18% .

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака, царинската испостава Гевгелија изготви записник за распоредување на стоката според царинската тарифа, изврши пресметка на дополнителни увозни давачки од околу 24 илјади денари и спроведе прекршочна постапка со мандатна казна против царинскиот застапник.

Најчитани вести