понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

Македонската делегација на Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 на винска тура низ Пиемонт

Македонската делегација која учествува на годинашниот Меѓународен саем за традиционална храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во Торино, денеска ќе го посети регионот Пиемонт.

133351085

Поврзани вести

Предвидена е винска тура низ Полензо, седиштето на Универзитетот на гастрономски науки, гратчето Бра од каде произлезе иницијативата за Слоу фуд и регионот Ла Мора. Попладне, турата завршува со посета замокот во кој се наоѓа Регионалната енотека на Пиемонт.

Тера Мадре што официјално завршува вечер се смета дека привлече над еден милион посетители. Голема беше заинтересираноста за производите на македонскиот штанд, односно за президиумите буковска пипер, слатко од диви смокви, грозје станушина и македонска медоносна пчела.

Тера Мадре годинава првпат се одржуваше на отворено низ сите историски места на градот Торино почнувајќи од паркот Валентино, покрај реката По се до Кралскиот плоштад. Уште еднаш беше испратена пораката дека малите локални производители на традиционална храна се најголемите чувари на биодиверзитетот и културното наследство.

Најчитани вести