Македонската дијаспора ги обои „црвено-жолто“ европските и светските градови, силна поддршка за „За заедничка Македонија“

Македонската дијаспора изминативе денови силно застана зад граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, која секојдневно протестира за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на тиранската платформа која е вовед во редефинирање на Македонија и нејзина федерализација.

Македонците на неколку контитента овие денови се сплотени под „црвено-жолтата“  боја, а од ден на ден се поголем е бројот на граѓани, но и на јавни личности кои ја искажуваат својата поддршка за заедничка Македонија и се против разнебитување на државата.

Малме, Лондон, Сиднеј, Берлин, Малта, Словенија, Холандија и Австралија се само дел од државите и градовите кои овие денови беа обоени во „црвено-жолто“ и во кои ечеше македонската песна во знак на поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Во Шведска Малме пред неколку денови се собраа Македонци за поддршка за зачувување на унитарноста и самостојноста на Република Македонија.

malme

Пред присутните се одржа и говор во кој се даде целосна поддршка за зачувување на унитарноста на нашата земја.

-Денес сме собрани тука, во јужниот дел на оваа прекрасна земја, мирно и достоинствено, но со силна порака и сплотеност, да ја искажеме нашата целосна поддршка за зедничка и унитарна Република Македонија. Како една од најстарите нации во Европа, како земја која има дадено огромен број на жртви низ годините за независна и самостална држава, нашата генерација е повторно исправена пред предизвикот да си го зачуваме она, кое нам ни припаѓа. Република Македонија географски е мала држава, но нејзината мултиетничка и мултикултурна поставеност, ја прави за држава со огромно срце, беше само дел од говорот во Малме.

malme1

Освен во Шведска, Македонската заедница се собра и во главниот град на Германија пред Бранденбуршката порта во Берлин каде што одржа мирен протест наречен „Македонците за унитарна Македонија“.

-„Македонците во Германија, како нераскинлив дел од македонскиот народ, преку мирниот протест изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата, се вели во декларацијата која беше прочитана во Берлин.

berlin

Според декларацијата, Македонците во Германија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи и сметаат дека само македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Поддршка стигна и од другата страна на светот, Македонците од Сиднеј Астралија исто така ја дадоа целосната поддршка иако се одалечени од родната грутка Македонија повеќе од 200.000 километри.

za-zm-sidnej2-640x427

-Две илјади години не распнуваат, не бришат, не делат и не бркаат во туѓи земји, но во нашите срца непрестано гори љубовта за Македонија. Каде и да сме расеани во светот со мислите сме во родната земја, земјата на нашите браќа, сестри, татковци, дедовци и предедовци кои ги дале своите животи за Македонија. Македонија е библиска земја запишана во Библијата од Бога и никој нема право да ја отпишува, да се пазари за нејзиното име, нејзината химна, нејзиниот јазик и знаме. Никој нема право да ја федерализира и распарчува. Ние ја поддржуваме иницијативата „За заедничка Македонија“ и сме против „тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, федерализација, промена на Уставот, знамето и химната. Ние не сме против другите народи што живеат во Македонија и ги повикуваме и тие да се приклучат во одбрана на она што ни го оставиле нашите татковци, велат Македонците од Австралија.

Македонците од австралискиот град Волонгонг исто така го кренаа гласот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, против платформи создадени за туѓи интереси во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија.

makedonci-1

Еден од првите градови во кои се собраа нашите Македонци за да ја дадат целосната поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА беше Лондон. Тие се собраа пред Вестимистер како поддршка за зачувување на унитарноста и самостојноста на Република Македонија.

-Мојата земја е Македонија и мојот јазик е македонски, пишува на еден од транспарентите.

metropol

vestminster-2

vestminster-4

И Македонците од Малта изразија поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие велат дека Македонија е се што имаат и го охрабруваат претседателот Иванов во истрајноста и не подлегнување под притисоци за доделување на мандатот на партија, партии кои ја поддржуваат фамозната и анти уставна Тиранска платформа.