понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Македонската дијаспора во Канада со цврста поткрепа и предупредување

Македонската дијаспора во Канада будно ги следи сите случувања во Македонија и има повеќе информации од нас кои живееме во матичната земја. Така е, бидејќи тие имаат повеќе болка за македонскиот идентитет и судбина и дале повеќе жртви за зачувувањето на македонскиот идентитет

StefanVlahovMitcov

Последни вести

Во петокот вечер се вратив од Торонто каде што бев почесен гостин на 44-та Гоцева комитска вечер во организација на „Обединети Македонци“. Во сабота претпладне (тогаш во Торонто е 5 часот наутро) тревожно ми се јавија со понуда веднаш да ми испратат авионски билет за враќање во Канада. Иако не бев во тек со диверзијата на неуставното и нелигитимно Јавно обвинителство претходниот ден, им кажав дека не се плашам од црпнати аутсајдери дури и предводени од „премудриот“ Бејли.

Овој факт го спомнувам само како доказ дека македонската дијаспора во Канада будно ги следи сите случувања во Македонија и има повеќе информации од нас кои живееме во матичната земја. Така е, бидејќи тие имаат повеќе болка за македонскиот идентитет и судбина и дале повеќе жртви за зачувувањето на македонскиот идентитет.

Гоцевата вечер во Торонто која се одржува по повод роденденот на големиот Македонец е величествен настан, но не е единствениот во текот на годината. Свечено, со стотици присутни се слават 24 мај и сесловенските просветители Кирил и Методиј, Илинден, христијанските празници итн. Тие активности се дела на организацијата „Обединети Македонци“, која е прва национална институција во македонската дијаспора и која уште во 1959 година ги собра Македонците во Канада и САД. Таа е стожер и има одлична соработка со сите организации на дијаспората – културно просветни, уметнички и научни друштва, управни одбори на македонските цркви итн. Македонците во Канада имаат свои весници: „Македонија“ и „Македонски вести“, македонско радио, македонски телевизии – едната од нив е распространета во цела Северна Америка. Со два збора – македонската дијаспора во Канада е самоорганизирана многу подобро, отколку што сме ние во Република Македонија.

Замислете, општи празници, општи слави, општи црковни служби, општи пикници и викенд излети, заеднички ручеци… И сето тоа секоја недела. Ако на тие активности ги додеме и посетите на пејачи и играорни друштва од сите делови на Македонија, ќе стане јасно зошто главното место на ѕидот во големата сала за 500 луѓе во црквата „Свети Климент Охридски“ го има античкиот симбол – сонцето со 16 зраци и нацртаната мапа на Обединета Македонија. Значи, додека ние во Република Македонија не можеме да се обединиме за општ став во однос на нашето име (идентитет) и историја, нашите Македонци во Канада таму дошле од сите делови на Македонија, немаат дилеми за ниту едно од споменатите прашања.

Денес во Канада живеат околу 100.000 Македонци, но заведени како такви се само 20-тина илјади. Слична е положбата во Австралија, каде од околу 400.000 Македонци, пријавени се само 94.000. Притоа, многумина од пријавените немаат македонски пасоши и независно од желбата тешко е да го добијат. На избори пак, гласаат едвај по неколку илјади. Од каде таквата контрадикторност во бројките кога нашите Македонци во Канада се поголеми патриоти од нас? Причината е едноставна – македонската држава. Партиските поделби кај нас влијаат и врз дијаспората. Отсуството на национална стратегија кај нас ја руши и изградената национална стратегија во самата дијаспора. За нашите македонци во Канада националната определба е пред се. Притоа, ова не како гол збор, туку како дејствие. Тие не можат и не сакаат  да прифатат дека партиските спорови и определби можат да бидат ставени над националните и државните интереси.

Кога ќе влезете во импозантната…

Најчитани вести