Македонската Џиу-џица репрезентација на прием во АМС

Идните планови и актуелната состојба во џиу џица спортот кај нас и предизвиците со кои се соочува Федерацијата беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески со челниците и репрезентативците на Македонската Џиу-џица репрезентација,пренесува МИА.

Нашиот истакнат мајстор во џиу џица, Александар Ацевски, кој воедно е и претседател на Македонската џиу-џица Федерација, викендов на покана од Турската федерација одржа тридневен семинар во Истанбул, концепциски определени за самоодбрана од нож, но истовремено презентираше и други техники од џиу џицу. Реномираниот судија Зоран Ристевски, кој има важечка европска лиценца „Континентал „А““, пак, одржа семинар за судиска едукација и правила.

На средбата, на која присуствуваа и дел од репрезентативците, Ацевски ги презентираше успесите, како на клупско, така и на репрезентативно ниво, посочувајќи дека во последниот период освоени се преку 15 медали ширум Европа.

Спасески се интересираше за следните активности и за одржувањето на традицоналиот турнир „Скопје Опен 2015”, на чие отворање присуствуваше минатата година. Турнирот има одлична традиција и организација, а годинава во рамките на турнирот ќе се реализира и завршницата на Јадранската лига, каде учество ќе земат клубови и екипи од четири балкански држави.