Македонската џиу џицу федерација со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

И македонската џиу џицу федерација даде поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

-Моите борци крв плукаат на борилиштата ширум Европа и не дозволувам некој Зијадин Села да изјавува дека не станува на македонската химна. Не дозволувам да кажува дека не се слика со македонското знаме, она знаме кое јас гордо го носам ширум Европа со моите борци, истакна претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски.

Од името на моите борци, додаде Ацевски, ве поздравувам и да успееме во нашата борба.

dziu-3

 

dziu

dziu-1

dziu-2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.