Македонската економија продолжува да расте

Македонската економија продолжува да расте. Податоците на Државниот завод за статистика покажаа дека стапката на раст на бруто – домашниот производ изнесува 4, 1% во третиот квартал во споредба со истиот период лани. Стапката на наевработеност пак за истиот период бележи намалување на 27, 9% и во однос на истиот период лани бележи намалување за 0,8 %. Позитивните статистички податоци влеваат оптимизам кај бизнис секторот во земјава. Бизнисмените коментираат дека овие параметри се очекувани, пишува Лидер.

-Растот на буто домашниот производ е комбинација од повеќе фактори, како што се зголемување на извозот, зголемување на обемот на надворешно – трговската размена, зголемување на продажбата на домашниот пазар, велат од Сојузот на стопански комори.

Во третото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите „преработувачка индустрија“ од 16,6 проценти, „уметност, забава и рекреација“, „други услужни дејности“, „дејности на домаќинствата како работодавачи“, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби“ од 11,6 проценти, „стручни, научни и технички дејности“, „административни и помошни услужни дејности“ од 8,2 проценти и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 7,5 проценти.

На што се должи ваквиот раст?

Според универзитетските професори ваквите охрабрувачки резултати се должат на неколку фактори како капиталните инвестиции на државата и странските директни инвестиции кои почнаа со производство и отворија голем број работни места. За експертите растот е реален и остварлив.

-Економсиот раст на македонската економија е реален и остварлив. Растот главно е воден од домашни фактори односно од интензивната реализација на владините трошења и проектите на странските инвеститори односно изградбата на фабрики и дел од оние кои веќе почнаа да извезуваат, изјави проф. д-р Марјан Петрески, универзитетски професор.

Економијата расте цела година

Во првиот квартал растот изнесуваше 3,5%, во вториот 4,3%. Со денешниот податок за раст на БДП од 4,1% во периодот од јули до септември се потврдуваат очекувањата на експертите дека владината прогноза за раст на економијата од 3,5% во оваа година ќе биде надмината.

Македонија меѓу најдобрите во Европа

Европската комисија објави дека Македонија оваа година ќе има втор најголем раст на бруто-домашниот производ (БДП) во цела Европа, единствено Ирска ќе има поголем раст на економијата во 2014 година. Ова го потврди и ММФ при последната посета. Нивната прекција е 3.5%, а на Владата 3.5% до 3.8%.

Невработеноста е на историски најниско ниво

Во третиот квартал невработеноста падна на 27,9%. Позитивниот тренд започна лани кога во првиот квартал за прв пат беше пробиена психолошката граница од 30% и од тогаш во континуитет се намалува.