Македонската економија со најголем раст во регионот

Македонската економија годинава ќе порасне за три проценти, се вели во извештајот на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа.

Македонија и Косово во оваа и во наредната 2015 година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, прогнозира ЕБОР. Македонската економија предвидено е да порасне за 3 отсто.

ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе бидат во рецесија од -0,5 отсто, Босна и Херцеговина наместо претходно прогнозираните 1,8 ќе има раст од 0,2 отсто, проекцијата за Бугарија е намалена од 1,9 на 1,5, а Албанија и Цна Гора ќе забележат раст од 1,7 односно три отсто.

За целиот регион банката ја ревидира проекцијата од 2,2 на 1,9 отсто.