Спорт

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2014-та на 100-та позиција

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2014-та на 100-та позиција

Со последното рангирање според ФИФА рејтинг листата, кое беше објавено денеска, Македонија забележа скок од три позиции, односно 2014-та ја завршува на 100-то место.

Од нашата квалификациската група за ЕУРО 2016, најдобро пласирана е Шпанија која се најде на 9-то место, потоа следува Словачка која е 21-ва, Украина е на 25-позиција, Белорусија е 99-та, а послаба од нашата репрезентација е Луксембург – 128-место.

Нема промени во Топ 10: Води Германија пред Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 8 јануари 2015 година, а со оглед на паузата поради Божиќните и новогодишните празници, не се очекуваат поместувања на оваа листа.