Македонија

Македонската и бугарската дипломатија ќе го интензивираат дијалогот

Македонската и бугарската дипломатија ќе го интензивираат дијалогот

На покана на Министерството за надворешни работи (МНР) на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржат консултации за ЕУ прашања меѓу делегации на македонската и бугарската дипломатија, предводени од Директорите за ЕУ.

На консултациите ќе се разговара за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите и интензивирање на дијалогот на експертско ниво за пренесување на бугарските искуства од пристапниот процес, во рамките на Меморандумот за соработка на полето на Европската и Евроатлантската интеграција меѓу Владата на Македонија и Владата на Бугарија.

Ќе бидат презентирани и тековните активности во клучните области од пристапниот процес на Македонија, подготвеноста за почеток на пристапните преговори и важноста на бугарската поддршка во овој контекст.