Македонската игра

Тропна „обоената револуција“ и на македонските порти; удри „демократската опозиција“ (американските долари) на „недемократската влада“. Вашингтон „сериозно се загрижи“ и го предупреди Скопје да не прави притисок врз албанскиот дел од македонската популација и да не се пресметува „недемократски“ со опозицијата, особено со онаа која цврсто стои до ставот за влез на Македонија во НАТО. Тука е и предупредувањето до Скопје да го спречи секој непријателски излив кон Албанија, членка на НАТО и сојузник на Америка. Инаку…

Убаво, демократски, хумано и – типично американски.

Трогателна грижа на Вашингтон за државичка од два милиони жители, за која 80 отсто од Американците никогаш не чуле. Во синтаксата на американскиот политички дискурс „грижа“ за некој и за нешто, последно предупредување пред црвен картон.

Случајот сеуште не е од профил и од димензии за вообичаена американска процедура: дипломатско предупредување, па долари, па авиони и базуки. Во Стејт Департменот сеуште се со став дека Македонија е „мениџабл“ – може да се среди со релатинво мала сума на долари, со употреба на опозициски регионални изведувачи на валкани работи.

За почетно порамнување на теренот, изнајмен е Џорџ Сорос. Селектирани активисти од опозицискиот Социјал-Демократски Сојуз на Македонија, примиле од Сорос „ракавица“ од по 1.500 американски долари (секој) за демонстрации против владата „обвинета“ за корупција и за незаконско прислушување на опозициските лидери.

Според тајниот меморандум, кој дошол до јавноста на Западот, финансиери на оваа група се соросовиот „Институт за отворено општество“, американската УСАИД (на буџет на ЦИА) и Форум групацијата, која е уште една соросова „невладина организација“.

Кога почнаа да течат доларите, за една од изведувачите, одбрана е веќе во пракса докажаната белградска група „Канвас“, на Срѓан Поповиќ. Во Вашингтон „Канвас“ важи како експерт за подбуцнување на обоените и „ненасилни револуции“. Се докажа на Мајдан во Украина, во соборувањето на Мубарак во Египет, на Милошевиќ во Белград…Владите на Белорусија и на Иран, заедно со поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, го обвинија „Канваз“ дека е предизвикувач на пуч и државни удари во суверени и независни земји. Обединетите арапски емирати, го ставија „Канвас“ на листата на терористички организации, заедно со „Ал Каида“.

Мухамед Адел, еден од водачите во соборувањето на Хосни МУбарак од власт во Египет, на семинар на „Канвас“ во Белград, цели пет дена бил обучуван за „стратегија на ненасилни револуции“.

Поранешниот активист на „Канвас“, Иван Маровиќ, се вдоми како дописен член на еден институт на Колумбија Универзитетот.

На почетокот на 2011 година, еден хакер успеа да влезе во системот на американската агенција „Стратфор“ и таму нашол дека оваа агенција го употребувала „Канвас“ за „шпионирање на опозициски групи“.

Во декември 2013 година, Стив Хорн и Карл Гибсон, основачи на групата „Анкат“, објавија детали за „интеракцијата“ на Поповиќ со „Стратфор“. Тие директно го обвинуваат Поповиќ дека на Американците им пренесувал „разузнувачки податоци“. Хорн и Гибсон, подоцна, во една дебата навеле дека Поповиќ служи како врска меѓу „Стратфор“ и извесен Манир Сатер, банкар во „Голдман Сакс“, преку кого се тврди дека „Канвас“ е финансиран. Клучната работа во оваа трансакција, ја извршил Мајкл Макфол, амбасадор во Стејт Департментот.

Белградскиот „Канвас“, во македонската афера служи, како што потврдува и „рускиот инсајдер“ во Москва, како истурен одред за „ненасилна промена“ на владата во Скопје, која е неподобна за Америка.

Автор: Дејан Лукиќ за vesti-online.com