Македонската индустрија постојано расте

Индустријата има добар залет и постојано има позитивни информации дека расте производството што покажува дека е тренд што ја отсликува силата и жилавоста на македонската индустрија.

Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на викенд забавата „Купи куќа, добиј стан“ која се одржа во трговскиот центар „Рамстор“, коментирајќи го позитивниот индустриски раст во земјава кој го објави Државниот завод за статистика.

– Во вакви тешки времиња во Европа кога европската индустрија и европската побарувачка не беше на задоволително ниво сепак македонската индустрија покажа добри резултати, рече Ставрески.

Тоа е резултат, потенцира, и на странските компании што работат во слободните зони, на политиките на владата да привлече странски инвеститори но и на оддржувањето на добра бизнис клима во земјата.

– Со одржување најниски даноци во светот и со помошта што им ја дадовме на домашните компании со ефвтините кредити од 5,5 проценти каматна стапка им помогнавме на домашните компании да остваруваат позитивни резулатати, истакна Ставрески и додаде дека очекува и 2015 година да биде исто така добра за македонската индустрија.