Добро упатени извори велат дека се можни организирани инциденти на јужната државна граница, кои би биле инспирирани од страна на лица кои се наоѓаат на другата страна.
Во рамки на овие планови според изворите биле вклучени и провокатори кои имаат нејасни и сомнителни скриени агенди.
Извори од меѓународни организации потврдиле дека до нив дошле информации дека се подготвуваат и е многу веројатно да се изведат насилни напади од групи мигранти од Мароко, Алжир и други земји, кои се стационирани на грчка територија блиску до нашата граница.
Нофицијално меѓународни извори додаваат дека е можно УНХЦР да го повлече нивниот персонал кој моментално се наоѓа на грчка територија заради ризикот од можни насилства. И истиот тој персонал да биде префрлен на македонската страна од границата.
Некои медиуми пишуваат дека од грчка страна на границата од страна на мигрантите се слушаат се почесто и повици „Алах акбер“.
Веќе се забележуваат инциденти помеѓу економските мигранти и бегалците од регионите зафатени со војна…оваа ситуација може да се развива уште поекстремно, а не се исклучува и можност за обид за насилен влез во нашата земја и преку поставената ограда.
Македонија се однесува во склад со одлуките на другите земји од балканската рута меѓу кои и земји членки на ЕУ… Поставувањето на ограда е право и должност на нашата држава за заштита на националниот и интересот на граѓаните.