Македонската карате репрезентација со огромен успех на СП во Каиро

Македонските карате репрезентативци секогаш знаеле позитивно да не изненадат, постигнувајќи успеси и на најголемите натпреварувања во европски и светски рамки.

Каратето во Македонија има долга и богата традиција, а неа ја продолжија и репрезентативците кои ја претставија нашата земја на СП во Каиро, Египет.

Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 9 медали, или 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.

karate2

Во сениорска конкуренција:

1 место златен медал во кого-кумите Аљоша Недев

1 место златен медал во кого-кумите Јадранка Недева Јарчевска

1 место златен медал во енбу м/м Аљоша Недев и Матеј Ангеловски

2 место во кого-кумите Дејан Недев

2 место кати поединечно Дејан Недев

2 место кати екипно Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски

2 место во фукуго Ј. Недева-Јарчевска

3 место во кумите тим Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски

Во кадетска конкуренција:

3 место бронзен медал во фукуго за Огнен Тасевски.

На СП учество земаа 48 земји од целиот свет со на 560 напреварувачи.