Македонската компанија „ХАЦАТ“ добитник на Меѓународна златна награда

Македонската   Компанија  „ХАЦАТ”  – Скопје е  добитник на Меѓународна  златна награда  за кетеринг, безбедност  и дистрибуција на болничка храна. Наградата „ЕРА“ и беше доделена во Женева, Швајцарија, објави МИА.

„Врз основа  на  долгогодишниот развој, професионалната надградба и успешното  менаџирање докажано од страна на „ХАЦАТ” – Скопје,   Меѓународниот комитет на  “ BID Group One” и доделува  Специјална Награда  на „ХАЦАТ”- Скопје  за  совршеност  и  иновација во златна категорија“, соопштуваат од компанијата.

Наградата на компанијата  „ХАЦАТ”  ја прими генералниот директор Лазар  Војноски, a  беше доделена од страна на претседателот на  “CEO of BID Group One” , Хозе Е. Прието.

Македонската компанија  „ХАЦАТ”  повеке  од 10 години го снабдува со храна   Клиничкиот Центар во Скопје. Секојдневно  изработува  и дистрибуира  36 различни диети за болните во Клиничкиот Центар – Скопје. Испораката на храната до  пациентите  се одвива  по најсовремен и најбезбеден  систем на дистрибуција.