Македонската кошаркарска репрезентација доби нов спонзор – “Туркиш Ерлајнс”

Светски реномираната компанија “Туркиш Ерлајнс” е нов спонзор на кошаркарската репрезентација на Македонија. Оваа авио-компанија, која со години наназад е еден од главните спонзори во кошарката ширум Европа, ги договори условите за соработка со претставниците на МКФ, со кои беше потпишан едногодишн договор.

“Можам да потврдам дека се договоривме со Туркиш ерлајнс да биде спонзор на нашиот национален тим. Горди сме што оваа моќна компанија го препозна квалитетот на нашата работа во изминатите години и застана зад нас како помагател на проектот” – изјави директорот на македонската кошаркарска репрезентација, Илија Мерџановски.

Според информациите на турските медиуми, логото на авио-компанијата ќе се појави на тренинг-опремата и на дресовите на кошаркарите во следниот период, вклучувајќи го тука и настапот на Евробаскет 2015.